Во светот каде вистинската моќ, визија и храброст се реткост, една жена секогаш се издвојува. Елена Лука, ултимативна дива, неповторлива, незаменлива…
Жена која ретко се раѓа, чие име е синоним за успех, инспирација и бескомпромисна енергија.
Повеќе од две децении, Елена е лидер во модата и градежништвото. Како основач и генерален менаџер на ELENA LUKA GROUP, таа креира брилијантни идеи и сигурна реализација.
Со модниот бренд ELENA LUKA кој го позиционира и интернационално, носи трендови и ги обликува сцените на високата мода. Безброј ревии, безброј награди, врвна изработка и прецизност, врвен квалитет, а дизајните и дезените чекор пред времето… Моден пат кој ретко овде може да го изоди и да опстане, да даде, да инпонира, да создава… да осварува нечии соништа…

Истовремено, со ELENA LUKA HOME, создава иновативни и впечатливи решенија во градежништвото, комбинирајќи функционалност со естетика и визионерски дух. Се е пресметано со математичка прецизност, ефикасност и видливост- се во служба на оние кои бараат свој дом, а добиваат нешто кое е нераскинлив дел од нивниот живот.
Нејзината храброст е легендарна, нејзината доверба бесценета. Таа е несопирлива и фуриозна, носи невидлива круна од бел цвет, а секој ден ја докажува својата борбеност и дисциплина.
Кадифена душа и голем хуманитарец- помага на сите, верува силно во Бог и ги инспирира луѓето околу себе.

Насмевката на Елена, нејзината издржливост и способност да ги комбинира најсложените проекти со леснотија, ја прават вистинска инспирација. Таа е жена што ги менува правилата, го осветлува патот на другите и го обликува светот околу себе со својата визија. И да! Секогаш го потенцира тимот, го мотивира, лидерство и поттик.
На нејзиниот роденден, ја славиме Елена Лука- неповторлива, моќна, инспиративна.

Жена која го има она што ретко се сретнува: визија, страст, харизма и срце големо колку светот. Таква жена, едноставно и да нема во Македонија.
Елена Лука- кралица на модата, легенда во градежништвото и симбол на женска сила и инспирација.
Среќен роденден на жената со лавовско срце.































