Министерот за здравство Венко Филипче, и премиерот Зоран Заев денешниот ден го искористија за своите деца.
Како што напиша министерот Филипче, секогаш се трудат да најдат време за семејството.
Денеска беа на Беласица.
-Времето кое го поминуваме со децата е најважно.
Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко.
Денеска денот е за дружење со децата.
Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица,
напиша Филипче.