(ФОТО) ОТЕЦ ДИМИТАР ПОЧИТУВАН И ВО СРБИЈА: Поклоничко патување на Отец Димитар Крцев со неговите духовни чеда во Белград и Ниш!

септември 13, 2019

На покана од Отец Бранко од Нишката Патријархија, струмичкиот Отец Димитар Крцев заедно со неговите духовни чеда ги посетија Белград и Ниш. На 06.09 во доцните часови се упатија кон Белград за да присуствуваат на Литургија во храмот св.Сава во Белград. Во Белград ги посетија црквата св. Марко, црквата св. Петка на Калемегдан, св. Ѓоргиј и Успение на Пресвета Богородица во задужбина Караџорџевич. Ноќтта ја поминаа во Призренска Бохословија св. Кирил и Методиј. Наредниот ден присуствуваа на литургија во храмот св.Тројца во Ниш. Во Ниш го посетија Челе Кула и црквата св. Никола. Домаќините ги угостија поклониците со богата трпеза. Отец Димитар доби Благодарница од Ректорот на Богословија.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ