Perdormire
Струмица

ФОКУС: Мајчинската љубов не познава граници: Поради Верче и сите деца со Даунов синдром се роди Вера!

Home

По повод светскиот Ден на лицата со Даунов синдром на градскиот плоштад во Струмица беше организиран хуманитарен настан, на кој присуствуваа над 600 деца облечени во бело, кои испратија порака дека светот е поубаво место за живеење кога се имаме едни со други.

Одбележувањето на светскиот Ден на лицата со Даунов синдром во Струмица предизвика голем интерес кај јавноста и градот уште еднаш потврди дека ги руши бариерите и предрасудите кон поразличните. Позади организацијата на настанот застана „Вера” – Здружение за помош и поддршка на лица со Даунов синдром, оформено од Анче Николова – Туфекџиева, мајка на дванаесетгодишната Верче. – пишува „ФОКУС“.

Покрај настанот, „Вера” стои и зад низа на други хуманитарни манифестации, акции за помош на лица со посебни потреби, случувања на кои се подига јавната свест за овие лица, настојувања за нивно прифаќање во општествената заедница и нивно вклучување во редовната настава. Во Струмица нема некој да не слушнал за Анче, храбрата и упорна мајка, која со надчовечки напори успеа да го сврти вниманието кон лицата со Даунов синдром и да помогне во нивното прифаќање и разбирање од околината. Околу тоа како започна приказната со „Вера”, здружение кое опстојува една деценија и чиј координатор е Анче, „ФОКУС” разговараше со неа.

-Идејата да се оформи „Вера” се роди две години по раѓањето на мојата ќерка Верче, која е дете со Даунов синдром. Дојдов до идеја да се регистрира здружението и да се крене гласот. Преку здружение да се подигне јавната свест и да го приближиме оштеството до нашите деца. Заедно со уште пет пријателки го оформивме, а претседател е Цвета Булатовиќ, која во тој момент и беше воспитувачка на Верче во градинка и која беше единствената која го прими моето дете во градинка. Денес, кога ќе се свртам назад и кога ќе сумирам што се сме постигнале, горда сум на целиот тим. Во здружението сме повеќе жени, неуморни… Имаме голема поддршка од наставниците и стручните тимови од општинските училишта. Не поддржуваат и се вклучуваат во секоја активност што здружението ја прави. Доаѓаат дури и семејства од други градови за да бидат со нас на вакви настани. 21-ви март за сите семејства во кои има дете со Даунов синдром е втор роденден на детето. Си го сакаме овој ден затоа што тоа е дружба за нас и нашите деца, исто како да сме на некој роденден. Секојдневно се бориме и испраќаме порака до општеството – раскажува мајката за „ФОКУС“.

Целосната вест може да ја погледнете на следниот ЛИНК
Извор:ФОКУС

Ознаки