strumica denes logo

ФК „БЕЛАСИЦА“ У19 Е ЕСЕНСКИ ШАМПИОН ВО ВТОРАТА МЛАДИНСКА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

декември 9, 2025

Автор:

Датум:

декември 9, 2025

Младинскиот состав на ФК „Беласица“ – У19, предводен од стручниот тандем Пенев Љупчо и Петар Каракашев, стана есенски шампион во Втората младинска лига на Македонија. Со тоа, младите „синобели“ уште еднаш ја потврдија традицијата на клубот да создава квалитетни фудбалери и да биде меѓу водечките школи во државата.

Одличната полусезона ја крунисаа со првото место на табелата, благодарение на серија на квалитетни настапи, максимална посветеност и убедлива гол-разлика во првенството. Овие параметри го позиционираат тимот на ФК „Беласица“ – У19 како прв фаворит за освојување на шампионскиот пехар на крајот од сезоната.

Стручниот штаб и раководството на клубот истакнуваат дека овој успех е резултат на континуирана работа, дисциплина и тимски дух, а воедно претставува и дополнителен мотив младите фудбалери со уште поголема желба да ја продолжат борбата за титулата и напролет.

  • Banner