strumica denes logo

ФК БЕЛАСИЦА СИНОЌА СЛАВЕШЕ ПОД РЕФЛЕКТОРИ ПРОТИВ ДЕТОНИТ – СТРУМИЧАНИ УЖИВАА ВО ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР!

Автор:

Датум:

септември 15, 2025

Автор:

Датум:

септември 15, 2025

Под светлата на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, Беласица со голот на Бојан Спиркоски во првото полувреме го совлада Детонит Плачковица со минимални 1-0, во дербито кое го затвори 4. коло од Втората лига.

Натпреварот мина во одлична атмосфера, со голема посетеност и поддршка од верните „Ајдуци“, но и со присуство на радовишани. Беласица беше поорганизирана и поагресивна, а Спиркоски со прецизен удар го реши натпреварот во корист на струмичани.

Во продолжението Детонит се обиде да се врати, создаде неколку шанси, но резултатот остана непроменет.

Натпреварот беше проследен во живо на М-Нет ТВ, со коментаторите Александар Ванев и Ване Трајков, кои ја пренесоа возбудата од ова Источно дерби.

Денес, Тетекс на домашен терен во Тетово ја совлада Слога Виница со 2-0.