strumica denes logo

Физички и ментални предности: Како возењето на велосипед придонесува кон здравјето!

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Возењето на велосипед не е само популарна активност, туку и извонреден начин за подобрување на физичкото и менталното здравје. Во светот во кој честопати се соочуваме со стрес и предизвици, велосипедизмот се наметнува како решение кое носи бројни бенефити.

Едната од најважните предности на возењето велосипед е подобрувањето на физичката кондиција. Редовното возење велосипед помага во зајакнувањето на мускулите на нозете, грбот и абдоменот, така што ја подобрува вкупната сила на телото. Оваа активност е одлична за срцето, односно возењето велосипед го зголемува капацитетот на белите дробови и ја подобрува циркулацијата, намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања.

Покрај ова, возењето велосипед е одлично за согорување калории. Во зависност од интензитетот на возењето, може да се согори значајно количество на калории што придонесува кон одржувањето на здравата телесна тежина.

Покрај физичкото здравје, менталното здравје е уште поважно, а возењето велосипед може значајно да придонесе кон негово подобрување. Физичката активност ослободува ендорфини хормони на среќа, кои помагаат во намалувањето на стресот, анксиозноста и депресијата.

Исто така велосипедизмот им овозможува на луѓето да се поврзат со природата, што дополнително го подобрува расположението и помага во намалувањето на менталниот замор.

Возењето велосипед може да биде и облик на медитација, но се смета и за аеробик – вежба, што значи дека неговата главна предност е вежбањето на срцето, крвните садови и белите дробови. Многумина велосипедисти го потенцираат чувството на слобода и задоволство кое го чувствуваат во текот на возењето, што придонесува кон нивната ментална благосостојба.

Бројот на калории коишто се согоруваат во текот на која било вежба зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја тежината, нивото на интензитетот и должината на тренингот, така што велосипедизмот може значајно да го зголеми согорувањето на калориите доколку се зголеми неговиот интензитет. Еден човек со телесна тежина од 70 кг возејќи велосипед со умерено темпо (околу 12 до 14 „mph“), може да согори околу 288 калории за 30 минути и 576 калории за еден час. Со зголемувањето на брзината на 16 до 19 „mph“, истиот човек може да согори околу 432 калории за 30 минути и 864 калории за еден час.

Доколу се земе предвид само согорувањето на калориите, возењето на велосипед има мала предност во однос на пешачењето, особено при поголем интензитет, а покрај тоа што е одличен вид на рекреација, велосипедизмот исто така се развива и во сериозен спорт.