strumica denes logo

ФИРМИТЕ ВО „ГЛОБАЛ“ БАРААТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА – НАЈВАЖНО Е ДА СЕ ЗАМРЗНАТ РАТИТЕ ОД КРЕДИТИТЕ И ПЛАЌАЊЕТО СМЕТКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ВОДА!

Автор:

Датум:

март 17, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 17, 2020

Категории:

Струмица

Писмо од сопствениците на фирми во „Глобал“:

Поради настанатата ситуација во врска со Корона вирусот и одлуката на владата на РСМ за затворање сите трговски центри во државата ,ние како помали фирми од приватниот сектор од кој поголем дел закупопримачи на деловни објекти во ГТЦ Глобал Струмица, кој во моментот немаме никакви приходи, во овие тешки моменти за сите нас, објектијавно преку порталите и медиумите, без политичка позадина се обраќаме до владата на РСМ и бараме

-платите, здравственото и пензиско осигурување додека траат мерките да биде на товар на државата

– државата да даде наредба на управа за јавни приходи да не ги блокира сметките на фирмите заради неисплатени плати и данок?

– да ги замрзне ратите од кредитите и плаќањето на тековните сметки како електрична енергија, вода итн.

– државата да ја плати или субвенционира закупнинате на закуподавачите ?

Сите овие мерки ги бараме се до престанокот на мерките за забрана на работа.

Исто така се обраќаме и до сопствениците (закуподавачите ) на деловните објекти да покажат малку човечност и во тој период да ја замрзнат наемнината се до моментот на почеток со работа или до превземање на некои владини мерки со кој и тие би биле обештетени.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и од владата на РСМ и од закуподавачите, заедно да ја надминеме оваа криза која му наговестува целосен колапс на приватниот сектор .

Со почит