ФИЛМОТ „СВЕДОК“ ДЕНЕСКА ВО СТРУМИЦА!

април 8, 2019

Со почеток од 20:00 часот, денеска во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се емитува филмот „Сведок“. Истиот филм е по сценарио и режија на Митко Панов.

СВЕДОК
На судот за меѓународна правда во Хаг, Полковникот Пантиќ е обвинет за злосторства против човештвото, но никој не се осмелува да сведочи против него.
Младиот и амбициозен судски приправник, Винс, решава да го пронајдеединственот човек кој има знаење и храброст да посведочи: Никола Радин,поранешен генерал на ЈНА во димисија. (во изведба на акторската легендаБруно Ганц. )
Наместо успешно завршена мисија, патешествието на Винс се претвара во пеколна хајка. Од страв дека и нивните криминали ќе испливаат на површината, во неговото родно место, никој не сака Радин да сведочи во Хаг. Никој, освен неговата ќерка Инес ( Наташа Петровиќ ).
Иако нивните животисе во смртна опасност, генералот Радин не го обвинува амбициозниот Винс зарадитешката ситуваија во којасе нашле. Без да размислува засудот, Радин го советува младиот приправник да ги прифати нештата какви што се; да и се предаде на сопствената совест и Божија воља.
Во таа хајка генералот умира,оставајќи му на Винс проширена листа на сведоци. Заедно со неа го остава и неговото последно животно сведоштвото: спас ќе најде само тој кој се суди себе си; не тој, кој штитејќи се самиот себе, им суди на другите.

Ве молиме пред влезот во салата да ги исклучите мобилните телефони.
Забрането е фотографирање, аудио и видео снимање.

Билетарницата работи секој работен ден од понеделник-сабота од 08-21 и еден час пред претставата.
Резервации на тел. 071 205 264

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ