Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека е за пофалба тоа што оваа учебна година учениците за првпат по седум години ќе имаат учебници по сите предмети
„Секоја добра политика и сè што е добро апсолутно сметам дека треба да се пофали. Нема простор за критика која што е само критика. Нема потреба ниту пак може да се постигне некакви политички поени. Така во тој дел каде што МОН обезбедил тоа што треба, добро е. Тоа им е впрочем и работата.
Филипче рече дека СДСМ има забелешка во делот на растот на платите на наставниците.
„Меѓутоа имаме сериозни забелешки во делот на грижата за наставниците, а тоа се тие кои што се грижат за едукативниот процес на учениците. Ако наставниците не се стимулирани, а не се ниту пак има некакво зголемување на платите, ниту пак има најава дека платите на наставниците ќе се зголемат. Тогаш имаме сериозен проблем. “, порача Филипче.