strumica denes logo

ФИДАН МЕТОДИЕВ НАЈАВИ ШТРАЈК ВО СТРУМИЦА: Во ЈП Паркиралишта-Струмица немаме земено плата поради украсување на градот за Нова година и за промена на канделабри!

Автор:

Датум:

август 19, 2025

Автор:

Датум:

август 19, 2025

Според известување на директор на ЈП Паркиралишта Струмица, Иван Стаменовски, сметката на ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица е блокирана поради неисплатен долг. Долгот настанал во врска со реализација на реконструкција на јавно осветлување на ул. Маршал Тито (Стара Чаршија), реконструкција на јавно осветлување на ул. Сандо Масев и надвозникот кај Општина Струмица, како и за новогодишно осветлување во градот. Општина Струмица е нарачател на наведените проекти, меѓутоа истата ги нема исплатено средствата кон ЈП Паркиралишта Струмица.

Поради тоа ЈП Паркиралишта Струмица не е во можност да ги исплати финансиските средства кон надворешните изведувачи за неведените проекти и истото резултира со блокирање на сметката на ЈП Паркиралишта Струмица.

Претседателот на синдикалната организација при ЈП Паркиралишта Струмица, Фидан Методиев изјави дека Синдикатот на СУТКОЗ при ЈП Паркиралишта Струмица, на ден 18.08.2025 година одржал состанок со извршниот одбор на синдикатот и донел одлука дека доколку до петок 22.08.2025 не се исплатат заостанатите плати, синдикатот ќе започне подготовка за генерален штрајк.