ФАТЕН СО ГРУПА ОД 11 МИГРАНИ – ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА 63 ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СТРУМИЦА!

ноември 10, 2023

Денеска (10.11.2023) во 00.50 часот на потегот помеѓу с.Свидовица и с.Куклиш полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода А.Д.(63) од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б, бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ