strumica denes logo

Фатен првиот радиосигнал од вселената!

Автор:

Датум:

ноември 26, 2025

Автор:

Датум:

ноември 26, 2025

Оваа вест можеби на прв поглед звучи како нешто што би го поткрепило теориите за вонземјани, но, според научниците, станува збор за природен феномен – уште еден доказ дека објектот има целосно природно потекло, пишува LiveScience.

Астрономите го детектираа првиот радио-сигнал од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS, токму во моментот кога таа ја минуваше половината од своето еднопатно патување низ Сончевиот систем.

3I/ATLAS е само трет познат меѓуѕвезден објект (ISO) што поминува низ нашиот планетарен систем. Првпат беше забележана на почетокот на јули, како се движи кон Сонцето со брзина поголема од 210.000 километри на час. Според повеќето научници, се работи за комета – можеби и најстарата од својата класа некогаш откриена – која била исфрлена од далечен ѕвезден систем на рабовите на Млечниот Пат пред околу седум милијарди години.

Сепак, уште од нејзиното откривање, мала група истражувачи предводена од авиофизичарот од Харвард, Ави Лоуб, промовира шпекулативна теорија дека кометата можеби е маскирано вонземјанско летало.

Затоа, кога астрономите кои работат со радио-телескопот MeerKAT објавија дека откриле радио-емисии од 3I/ATLAS, следбениците на Лоубовата теорија веднаш претпоставија дека се работи за вонземјанска трансмисија — особено затоа што сигналите беа забележани токму за време на најблискиот приод на кометата кон Сонцето (перихел), на 29 октомври 2025 година.

Но, сигналите не потекнувале од никаква технологија. Наместо тоа, тие биле резултат на апсорпција на специфична радиобранова должина поврзана со присуството на хидроксилни радикали (OH молекули) во комата на кометата. Овие радикали се создаваат при разградба на молекули на вода, кои се ослободуваат од јадрото преку природен процес наречен отплинување — што е јасен знак на кометарна активност, потврден уште во студија од 2016 година.

Кремљ и испрати порака на Украина: Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко
Кремљ и испрати порака на Украина: Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко

Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи
Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи

Ова, всушност, не е прв пат астрономите да забележат траги од вода кај 3I/ATLAS. Уште во октомври, истражувачи на NASA откриле млазови вода кои избувнуваат од кометата „како противпожарно црево“, но најновите мерења покажуваат дека водата се разградува под дејство на соларното зрачење, како што е и очекувано во текот на перихелот.

Ави Лоуб ги спомна хидроксилните радикали и во својот најнов блог-пост, но не објасни дали тоа е доказ за типична кометарна активност или нешто друго.

Радио-сигналите беа забележани на 24 октомври, веднаш откако кометата накратко исчезна зад Сонцето. Нејзиниот соларен премин беше интересен и поради ненадејното осветлување и привремената промена на бојата, а по повторното појавување, изгледаше како да го изгубила опашот — што подоцна се покажа како оптичка илузија.

3I/ATLAS и претходно покажувала неколку анормални карактеристики кои ги поттикнаа теориите за вонземјани: силно озрачена површина, прекумерно количество јаглерод-диоксид и мистериозен „анти-реп“. Но, сите овие феномени се научно објаснети, а астрономската заедница речиси едногласно стои на ставот дека кометата е природен објект.

Покрај тоа, поврзана теорија за вонземјани беше оповргната минатата недела, кога астрономите детектираа „речиси меѓуѕвезден објект“ кој поминал најблиску до Земјата на 11 ноември. Според некои шпекулации, тоа можела да биде сонда што ја испратила 3I/ATLAS за време на перихелот — но таа хипотеза беше брзо отфрлена, па дури и самиот Лоуб призна дека е многу малку веројатна. Новиот објект, наречен C/2025 V1 (Борисов), е типична комета од Сончевиот систем.

Некои извештаи се повикуваа и на пресметки на Лоуб за наводното „негравитациско забрзување“ на 3I/ATLAS и тврдеа дека кометата можеби експлодирала поради губење на маса. Но, најновите опсервации докажаа дека нема никакви знаци на експлозија, потврдува LiveScience.

  • Banner