Symbol Retail Park – Струмица најавува весел и динамичен семеен настан под името „Family Day“, кој ќе се одржи во сабота, на 29 ноември, со почеток од 12:30 часот, на ул. „Климент Охридски“ во Струмица.
Настанот е наменет за најмладите, но и за нивните родители, со многу содржини кои обединуваат забава, креативност и семејно дружење.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дружење со маскоти, цртање на лица, моделирање балони и креативни работилници за деца. Дополнително, предвидено е забавно караоке со музички квиз, како и 360° фото зона за снимање уникатни семејни видеа и спомени.
Со овој настан, Symbol Retail Park сака да создаде простор каде смеењето, играта и заедничките моменти се во центарот на вниманието. Сите семејства се добредојдени да бидат дел од ден исполнет со радост, позитивна енергија и незаборавни заеднички моменти.

























