Конечно во Струмица се случи еден спортски настан кој заслужено ја крена фитнес културата во градот на едно ново и повисоко ниво, а PULSE FITNESS & SPA успешно ги вметнаа фитнесот и спортувањето како составен ден од животот на граѓаните во градот и пошироко. Од PULSE FITNESS & SPA за Струмица Денес го изјавија следново:
„Задоволни сме од одзивот на членовите после првиот одржан евент на Europe Active Week кој беше организиран како дел од националниот фитнес ден. Тоа ни докажа дека струмичани се подготвени за промена на својот животен стил и не мотивираа за нови спортски случувања. Доколку уште не сте член на нашиот клуб, време е да не посетите и да стането дел од нашето семејство кое од ден на ден станува се’ поголемо“.
Од PULSE FITNESS & SPA надополнија дека живеејќи во време на пандемија се трудат тренингот на нивните клиенти да го организираат според сите протоколи кои ги наложува и самото министерство и се задоволни од почитувањето на истите мерки од страна на клиентите.
„Засилените мерки во фитнесот значително ја зголемуваат довербата кај нашите членови и на наше огромно задоволство, мотивацијата за тренинг не ги спречува во редовноста на истиот. Свесни сме дека вежбањето го подобрува и расположението и го јакне имунитетот. Во време на настинки и вируси е препорачливо физичка активност. Доколку ни дадете еден час од денот, ние ќе го подобриме вашето здравје и расположение, а луѓето околу вас ќе ја забележат таа разлика“. – велат од PULSE FITNESS & SPA.
Доколку сакате промени тие со сигурност се спремни да ја дадат максималната посветеност. Време е за тренинг, затоа повелете во просториите на PULSE FITNESS & SPA во Струмица!