Еве кога може да ја очекуваме првата продавница на ЛИДЛ во Македонија

септември 7, 2023

Компанијата Лидл ќе гради логистички центар во индустриската развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово во Македонија.

Компанијата купи парцела од 17 хектари (170.996 м2) за која ќе плати 5,3 милиони евра. Информацијата со јавноста ја сподели општина Куманово која соопшти дека завчера на јавен тендер му продала земјиште на трговскиот синџир Лидл за изградба на логистички центар. На јавниот тендер по пат на електронска аукција учествуваа 3 фирми.

– Најповолен понудувач со највисока понудена цена беше фирмата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ со седиште во Скопје. Најповолна понуда е 1.906 денари за 1 м2, односно вкупно 170.996 м2 (~17ха) 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра), соопшти општина Куманово.

Како што е наведено, по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и исполнување на сите услови пропишани со јавната покана, недвижноста ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач, по што ќе биде спроведена ќе започне и ќе следат инвестициите.

Лидл во Македонија веќе извесно време бара работници за логистички центар, а неодамна беше објавено дека започнува со изградба на првата продавница во Битола на една од двете купени парцели.

Како датум на отворање на првите продавници во Македонија неофицијално се споменува 2026 година. Освен во Македонија, Лидл во следните неколку години се очекува да ги отвори своите први продавници и во Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ