strumica denes logo

ЕКСПЕРТИ: По посетата на Мицкоски на САД се очекува поголема поддршка на патот кон ЕУ

Автор:

Датум:

јануари 26, 2025

Автор:

Датум:

јануари 26, 2025

Продлабочувањето на односите на релација Скопје-Вашингтон по значајните средби на премиерот Христијан Мицкоски во Соединетите Американски држави ветер во грб за владата во чекорите кои ги презема за напредок на Македонија. Експертите се децидни дека е важно што Македонија ги претстави своите позиции пред соработниците на Трамп и влезе во оптиката на новата американска администрација. Oчекуваaт поголема поддршка и во однос на стабилизацијата на Балканот и неговата целосна интеграција во ЕУ.

Самите активности околу инаугурацијата на новиот американски претседател Трамп, беа централно место каде беше собрана елитата на американската политика и бизнис заедница и добро е што имавме делегација која имаше средби. Несомнено дека тие активности се однесуваат на зајакнување на соработката во областа на политиката, економијата, безбедноста и претставувањето на нашите позиции.Значајно е да добиеме поддршка од САД во однос на стабилизација на Балканот и неговата целосна интеграциа во ЕУ. САД секогаш го поддржувале проширувањето, а се очекува и да се подобрат и трансатланските односи, изјави поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски.

За напредокот кон Европската Унија важен чекор е и репреговарањето со соседна Бугарија. Премиерот истакна дека е подготвен да разговара со секого, па и со неговиот бугарски колега, но за решенија кои ќе бидат трајни и нема да задираат во идентитетот и националните интереси. Ваквиот став на Мицкоски според Наумовски го трасира патот кон подобар дијалог помеѓу Скопје и Софија

Видовме повеќе иницијативи од македонската влада кои значат подавање рака за затворање на отворените прашања кои се пречка на патот кон ЕУ. Со оваа нова политичка влада ќе имаме подобар партнер за разговор за разлика од техничките. Владата составена од повеќе полиитички партии ќе биде тешко да има поинаков став но тоа што Борисов е дел, а неговата партијата и владејачката ВМРО-ДПМНЕ се партнери во рамки на ЕПП тоа значи дополнитела шанса за еден понатамошен дијалог бидејќи нашето членство ќе биде од корист и за Бугарија и за целата ЕУ и регионот со што ќе се пополнат оние црни дупки на мапата на ЕУ, вели Наумовски.

По посетата на САД, Мицкоски најави дека ќе продолжи да се бори на меѓународна сцена за интересите на државата, но порача и дека успехот лежи во комбинација од две битки – онаа домашната, за подобрување на животот и онаа на надворешен план за конечно решавање на македонското прашање со остварување на целта, полноправно членство во ЕУ.