ЗДРАВА КОТЛИНА:
ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ
Директорот на средното училиште Димитар Влахов ги заклучил вратите и со закани не дозволува на учениците да излезат.
Учениците не прават ништо повеќе од она што го прават нивните врсници во Скопје. Таму заради иста ситуација ја разрешија директорката на средното училиште Никола Карев.
Апелираме до сите директори да размислат што прават, и ако веќе не сакаат да ги поддржат своите ученици два часа, барем да не им го ускратуваат уставното право на мирен протест.
Протестите се најавени во полиција и има допис до градоначалникот Коста Јаневски и советот на Општина Струмица, баш за да се избегнат овие сцени. На крај на ден самите знаете дека заклучените врати нема да ги сопрат, напротив само ќе ги мотивираат повеќе.
Пуштете ги и придружете им се два часа, и на тој начин подобро ќе направите за сите.