ЕКСКЛУЗИВНO ЗА СТРУМИЦА ДЕНЕС: КОЈ Е ВАСИЛ ТОДОРОВ, НОВИОТ НАЧАЛНИК НА СВР СТРУМИЦА!

јануари 10, 2020

Роден 29.10.1973 во Струмица. Основно и средно училиште завршено во Струмица.

Со завршен Факултет за безбедност во Скопје во период 1992-1996 каде што се има стекнато со звање дипломиран криминалист . Вработен во МВР од 01.10.1998 година. Оженет со две деца.

Во досегашното работење извршувал повеќе работни задачи на работни места од помлад инспектор до Началник на Одделение за криминалистичка полиција.

Притоа работел во Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, Отсек за општ криминалитет, Отсек за економски криминалитет и како Главен инспектор за насилен криминал во Одделот за сузбивање на сериозен и насилен криминал при МВР.

Во периодот од 2006-2013 година бил началник на Отсек за економски криминал при СВР Струмица, а од месец Ноември 2013 година до 29.12.2017 година ја извршувал должноста Началник на Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица.

Откако е отпочнат процесот на оценување на работниците во МВР, од 2010 година од различни препоставени, до ден денес неговото работењето е оценувано со највисока оценка „Се истакнува„ што е доказ за неговото стручно, совесно, ефикасно извршување на работните задачи со почитување на сите законски прописи и подзаконски акти кои го регулират полициското работење, а истотака во повеќе случаеви е и наградуван од различни Министри, Директори на БЈБ и други претпоставени старешини почнувајќи од 2001 година па наваму.

Во текот на целокупниот работен век од самото вработување 01.10.1998 година до ден денес има поминато голем број на специјалистички обуки во земјата и во странство во делот на полициското работење и менаџмент и тоа:

– Поминат едномесечен напреден курс за менаџмент во Розвел-САД во 2006 година

– Помината двомесечна обука на меѓународната академија „ИЛЕА„ во Будимпешта во 2005 година под покривителство на Стејт Департменот на САД.

– Поминат курс на тема „Борба против високата корупција„ од 2016 година во организација на ФБИ.

– Помината обука на тема „Криминал од омраза„ во 2017 година

– Поминат курс на тема „Финансов криминал„ во 2013 година

– Помината обука на тема „Казнено-правни аспекти на перењето пари„ во 2008 година.

– Помината обука на тема „Борба против криумчарење на културно наследство„ во 2014 година во Рим.

– Помината обука на тема „Менаџмент и стилови на лидество„ од 2016 година

– Помината обука на тема „Лидерство,менаџмент и решавање проблеми„ во 2015 година.

– Помината обука на тема „Измама со платежни картички„ во 2004 година

– Поминат курс на тема „Илегална миграција и криумчарење мигранти„ во 2006 година.

– Помината обука на тема „Сексуални деликти-форензика„ во 2005 година во организација на Министерството за правда на САД.

– Помината обука на тема „Сексуална злоупотреба на деца„ во 2005 година во организација на Министерството за правда на САД.

– Помината обука на тема „Напредни техники на интервју и испрашување„ во 2013 година.

– Поминат курс на тема „Модел на полициско работење водено од информаци„

– Помината обука на тема „ Препознавање на нелиценциран Мicrosoft софтер.

– Помината обука на тема „Малолетничка деликвенција„ во 2001 година

– Се има стекнато со потврда за помината обука за ментор од 2010 година

– Се има стекнато со потврда за помината обука за обучувач од 2013 година

– Се има стекнато со потврда за помината обука за оценувач од 2016 година

– Се има стекнато со потврда за помината обука за обучувч за континуирана обука од 2013 година.

– Поминат повеќестепен курс од познавање на Англиски јазик.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: