ЕКСКЛУЗИВНО: ДВЕ СТРУМИЧКИ КОМПАНИИ ЌЕ ОДГЛЕДУВААТ КАНАБИС, ПОГЛЕДНЕТЕ КОИ!

април 10, 2019

Премиерот Зоран Заев со пост на неговата официјална ФБ страна ја објави листата на компании, што ќе одгледуваат канабис во државата за медицински цели. Станува збор за 15 компании, а инвестицијата е вредна 40 милиони евра.

Компаниите ќе бидат лоцирани во Скопје, Гостивар, Карбинци, Кочани, Валандово и Струмица, а според најавите, се очекува да бидат ангажирани 300 нововработени лица.

На листата компании со домашен и странски капитал, што добиле лиценци за одгледување канабис за медицински цели се наоѓаат и две струмички компании:

Канабис про – Струмица

Бул-Билдинг – Струмица.

 

ФОТО:ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ