Утре се навршува една година од трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загуби струмичанецот Ѓорѓи Ѓоргиев, млад, талентиран тапанар кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу своите пријатели, колеги и сограѓани.
Иако времето минува, спомените за Ѓорѓи остануваат живи. Неговата енергија, музички талент и љубовта кон музиката беа препознатливи насекаде каде што настапуваше. Со тапаните знаеше да ја пренесе емоцијата на публиката, а со својот ентузијазам и посветеност постојано се стремеше кон нови успеси и остварување на големите соништа што ги носеше во себе.
Сепак, оние кои го познаваа, знаат дека неговата најголема вредност не беше само талентот, туку и неговата човечност. Ѓорѓи беше добро и скромно момче, секогаш насмеано и подготвено да помогне секому.
И денес, една година по трагедијата, споменот за Ѓорѓи живее силно меѓу оние што го познаваа и сакаа. Неговата добрина, скромност и љубов кон музиката остануваат вечен потсетник за тоа каков човек беше… скрен, талентиран и незаменлив.



























