Еден од најдобрите хрватски гитаристи Андреј Грозданов на 9.11.2019 година во Струмица во театар „Антон Панов“, ќе одржи свој концерт. Гости на концертот ќе бидат М-р Васко Пиличев и Таки Дробаров.
Андреј Грозданов е еден од најдобрите хрватски гитаристи кој има издадено голем број албуми а има учено и свирено со голем број светски познати гитаристи. Ментор за гитара му бил ексцентричниот англиски виртуоз на гитара Pete Langman – долгогодишен колумнист на магазинот “Guitar Player” додека другите учители му биле: John Abercrombie, Frank Gambale, Michael Angelo, Hugh Burns (George Michael), Pierre Bensusan i Eric Roche. Како гитарист на современата христијанска музика, тој сними над 200 песни на албуми, изведби во живо и студиски снимки, а со своето меѓународно искуство овозможи да се развие овој жанр во Хрватска. Оставајќи вистински белег како еден од пионирите во оваа област. Андреј често соработувал со добитниците на греми наградите во ЦЦМ жанрот како што се Hillsong, Matt Redman, Delirious, Michael W. Smith, London Community Gospel Choir и многу други, а на својот последен албум свиреше со: Philom Keaggyem, Влатко Стефановски, Martinom Morom и Johnom Stowellom.