strumica denes logo

ДВЕ СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛСКИ ГРУПИ СО СИЛЕН ВПЕЧАТОК НА ФЕСТИВАЛОТ „СУРВА“ ВО ПЕРНИК, БУГАРИЈА!

Автор:

Датум:

јануари 21, 2026

Автор:

Датум:

јануари 21, 2026

Карневалски групи од Струмица учествуваа на 60-тото јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на маскарадни игри „Сурва“ во Перник, Република Бугарија, кој се одржа на 17 јануари 2026 година.

Струмица се претстави со две креативни и впечатливи маски – „Африка во Струмица“ на ОУ „Маршал Тито“ – Струмица и „Бунтот на жабјето кралство“ на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле. Со својата оригиналност, енергија и сценски настап, двете групи ги освоија симпатиите на многубројната публика и оставија силен впечаток на фестивалската сцена.

Од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал посочуваат дека ваквите настапи се доказ дека карневалскиот дух на градот успешно се препознава и надвор од границите, пренесувајќи ја струмичката традиција, креативност и препознатливост на меѓународни манифестации.

  • Banner