ДВАЈЦА СТРУМИЧАНИ ЗАРАБОТИЈА КРИВИЧНА ПРИЈАВА – ПРОНАЈДЕНИ ТАБЛЕТИ ЕКСТАЗИ И 1,3 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА!

мај 11, 2023

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(44) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ и „овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 10.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 1,3 килограми марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.Р.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 04.07.2022 на паркинг во Стар Дојран, полициски службеници извршиле преглед над лице од Валандово, при што пронашле и одзеле марихуана и таблети екстази, кои претходно ги набавил од пријавениот.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ