Во организација на „Mongo Camping“, на 21 и 22 март ќе се реализира дводневна планинска авантура до врвот Огражден, висок 1746 метри. Настанот е наменет за љубителите на природата, кампувањето и планинарењето, кои ќе имаат можност да доживеат дружење под ѕвездено небо и искачување на еден од најубавите планински предели во регионот.
Според најавената програма, собирањето на учесниците е предвидено за сабота, 21 март, кај Стефанова чешма, со почеток во 08:30 часот, а тргнувањето кон кампот е закажано за 09:30 часот. За учесниците ќе бидат обезбедени паркинг и превоз на кампинг-опремата, а патувањето ќе продолжи кон Црвено Поле, на надморска височина од 1200 метри.
Од таму е предвидено пешачење до кампот во должина од 11 километри, по што ќе следува поставување на шаторите и вечерно дружење под отворено небо, кое ќе трае до 01:00 часот. Организаторите информираат дека секој учесник треба да понесе храна за патот.
Вториот ден, во недела на 22 март, денот ќе започне со доручек во периодот од 07:30 до 08:30 часот, по што во 09:00 е предвидено искачувањето на врвот Огражден. По враќањето, учесниците ќе имаат заеднички ручек, по што ќе следува затворање на кампот.
Цената за учество изнесува 1000 денари, а пријавувањето трае до 17 март до 14:00 часот. За дополнителни информации и пријавување, заинтересираните можат да се обратат кај Цани на 072 674 631 и на 078 294 500.




























