Драстично паднал бројот на говеда во Македонија!

март 31, 2024

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, во споредба со 2022 година, вкупниот број на говеда е намален за 9.7 %. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување.

Бројот на свињите во 2023 година, во споредба со 2022 година, е зголемен за 5.9 %. Зголемување на бројната состојба е забележано во двата сектори.

Вкупниот број на овци во 2023 година бележи пад од 9.2 %. Во истиот период, бројот на козите бележи пораст за 6.7 %.

Бројот на живината во 2023 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 11.8 %.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ