ДПИ изрече 105 прекршочни платни налози од над 3,5 милиони денари!

јануари 27, 2023

Сто и пет прекршочни платни налози со вкупна вредност од 3.571.265 денари и 122 решенија изрекол Државниот пазарен инспекторат во спроведени 709 инспекциски надзори на територијата на целата држава  во периодот од 16 до 22 овој месец. Во тој период се извршени и 68 инспекциски надзори по Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата, при што не се констатирани прекршувања и непочитување.

Од донесените 122 решенија, 103  се по Закон за финансиска дисциплина, седум по Закон за угостителска дејност, шест по Закон за трговија, три по Закон за заштита на потрошувачи, две по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и едно решение по Закон за Државен пазарен инспекторат.

 

Од издадените прекршочни платни налози 48 се по Законот за финансиска дисциплина, 21 се по Законот за угостителска дејност, 20 по Законот за заштита од пушењето, девет се по Закон за трговија, три по Законот за Државен пазарен инспекторат, по два по основ на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрира на дејност, односно по Законот за заштита на потрошувачи

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ