ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЕЛВИС ПРИСЛИ ОД КУКЛИШ – КОГА ЌЕ МЕ ПРАШААТ ОД КАДЕ СУМ СО ГОРДОСТ КАЖУВАМ ДЕКА СУМ МАКЕДОНЕЦ!

февруари 18, 2024

Со песната „Со маки сум се родил“ почнува документарецот за Ване Црнгаров, единствениот македонски Елвис Присли.

Колку Ване е интересен за светот покажува и фактот што продукцијата „Револушн“ во режија на Глигор Кондовски го сними документарецот „Македонскиот Елвис“ за телевизијата Ал Џезеира, која го финансираше и го емитуваше.

Документарецот го раскажува животот на Ване од неговото детство во Куклиш, струмичко, кога ја добил првата хармоника, па до преселбата во Мелбурн, Австралија, каде и денес живее со сопругата Елизабета и ќерките Оливера и Џесика. Неговиот живот почнал во сиромаштија, не ни сонувал дека светот ќе го препознае токму него во ликот на кралот на рокенроот, Елвис Присли и ќе биде дел од светскиот фестивал во неговиот роден град Тенеси, во Америка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ