ДОЈДОА РАБОТНИЦИ ОД ИНДИЈА ДА РАБОТАТ ВО МАКЕДОНИЈА!

мај 29, 2023

Во фарма во Свети Николе веќе има работници од Индија. Нискоквалификувани се вели Ангел Димитров ама сопственикот на фармата е задоволен од нивната работа. Ова како пракса да се увезуваат работници од странство ќе биде се почесто застапено во државата дециден е Димитров, додавајќи дека во градежништвото оддамна има работници кои се увезени од странство.

„Има нешто во земјоделие, кај нас во млечната индуструја има дојдено од Индија, во градежништво оддамна има. Мислам дека овој процес во иднина ќе биде многу јак, оти има агенции кои сакаат да се занимаваат со тоа. Работниците во Свети Николе се ниско квалификувани, работат на фарма и плус во млекарата и споственикот е многу задоволен од работниците.“ – вели Димитров.

Кога е во прашање текстилната индуструја спред Димитров за три до четири години и овде ќе работа работници од Непал на пример. Ова се должи на фактот што во нашата држава има доста невработени ама тие не сакаат да работат во гранки како што се градежништво земјодели или текстил. На овој начин државата е се поназад споредбено со државите во регионот дециден е Димитров.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ