strumica denes logo

ДОБРА ВЕСТ: Условени законските исмени за зголемување на пензиите!

Автор:

Датум:

септември 14, 2024

Автор:

Датум:

септември 14, 2024

Собранието ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои ќе има линеарно зголемување на пензиите по 2.500 денари од 1 септември годинава и од 1 март следната година.

На 14. седница на Собранието, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“. Линераното зголемување на пензиите е изборно ветување на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Со усвоените измени, ќе има линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари на 1 септември годинава и на 1 март следната година со цел, како што велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.