strumica denes logo

До каде оди човечката глупост? „Комуналец“ исчисти полураспадната крава фрлена покрај патот кон Цареви Кули!

Автор:

Датум:

август 27, 2025

Автор:

Датум:

август 27, 2025

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ – Струмица соопшти дека повторно се соочува со несоодветно однесување на поединци кои со своите постапки ја загрозуваат животната средина.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На патот кон Цареви Кули, непознато лице оставило мртва, полураспадната крава. Сцената предизвикала револт и згрозување кај граѓаните и активистите кои секојдневно се вклучуваат во активностите за чистење на диви депонии.

Екипите на „Комуналец“ веднаш интервенирале и го исчистиле местото, но од претпријатието порачаа дека ваквите појави претставуваат сериозен удар врз сите напори за создавање почиста и поздрава средина.

„Комуналец“ потсетува дека континуирано работи со граѓаните и невладините организации во насока на елиминирање на дивите депонии и апелира јавноста да покаже поголема совест и одговорност. Од претпријатието прашуваат дали на ваков начин може да се изгради свеста за почиста средина и што треба да се преземе за целосно да се спречат вакви несоодветни постапки.

  • Banner