ДО 17 МАЈ ВО СТРУМИЦА ЌЕ СЕ ОДРЖУВА ОБУКА ЗА МЕКИ ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ!

мај 14, 2019

Од вчера до 17 мај во просториите на Центарот на заедницата во Струмица, се одржува Обука за меки вештини за млади невработени лица со попреченост, чија цел е запознавање со законската регулатива за лицата со попреченост, вештини за барање работа и решавање проблеми, подготовка на CV и на мотивациско писмо, однесување на работното место, тимска работа и управување со финансиите.

Оваа обука е во рамките на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, во кој се вклучени ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, ООУ „Гоце Делчев“ од с.Вељуса и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, општина Струмица како партнер и Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица. Проектот го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, а е финансиран од Европската комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права-Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: