ДИРЕКТОРОТ НА СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА ЗА СТРУМИЦА ДЕНЕС: БОЛНИЦАТА НЕ Е ПОД КАРАНТИН, САМО СЕ ЗАБРАНЕТИ ПОСЕТИ, ОДНОСНО СЕ ВРШИ СЕЛЕКЦИЈА НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ!

март 10, 2020

Низ струмичани вчера се рашири веста дека интерно одделение вчера е заклучено и ставено под карантин.

Тимот на Струмица Денес во текот на вчерашниот и денешниот ден се обиде да стапи во контакт со надлежните од одделението и управата на болницата.

Директорот на струмичката болница негираше постоење на карантин и изјави дека одделението функционира нормално.

Единствената промена е забраната за честите посети, т.е. се врши селекција на луѓето кои влегуваат и излегуваат од одделенијата, со цел да се превенира ширење на вирусот.

Ваквата одлука на болницата е сосем оправдана и е во согласност со препораките на Министерството за здравство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ