Низ струмичани вчера се рашири веста дека интерно одделение вчера е заклучено и ставено под карантин.
Тимот на Струмица Денес во текот на вчерашниот и денешниот ден се обиде да стапи во контакт со надлежните од одделението и управата на болницата.
Директорот на струмичката болница негираше постоење на карантин и изјави дека одделението функционира нормално.
Единствената промена е забраната за честите посети, т.е. се врши селекција на луѓето кои влегуваат и излегуваат од одделенијата, со цел да се превенира ширење на вирусот.
Ваквата одлука на болницата е сосем оправдана и е во согласност со препораките на Министерството за здравство.