Во рамки на активностите на НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица, денеска беше извршен увид во црква „Св. Кирил и Методиј“ – Струмица, со цел согледување на актуелната состојба и подготовка за наредните конзерваторски зафати.
Директорот на институцијата, Бранко Ѓоргиев, информираше дека за реализација на основниот конзерваторски проект за храмот е обезбеден буџет од 15 милиони денари.
Од НУ Завод и Музеј – Струмица нагласуваат дека институцијата и понатаму посветено ќе работи на заштита, валоризација и презентација на културното наследство, во интерес на сегашните и идните генерации.

























