ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како народни републики!

февруари 22, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Русија да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина.

– Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „народни републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат, објави Ковачевски на Твитер.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ