Дијабетичарите повторно се соочуваат со недостиг на терапија, бараат сериозност од Министерството за здравство!

февруари 7, 2024

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) велат дека повторно се соочуваат со недостиг на инсулинска терапија. Оттаму бараат сериозност од Министерството за здравство и транспарентно да се дејствува и навремено да добиваат информации во тековниот период.

Одговорот што го добиле од Министерството за здравство, како што велат оттаму, е дека заради ревидирање на количините на „ризодег“ (ryzodeg), согласно количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делат само преостанати количини по бројка. Сите други пациенти, од СЗДМ велат дека добиле одговор оти треба да се консултираат со своите специјалисти еднокринолози и заеднички да направат вистински избор за замена на инсулинската терапија.

„Се појавува недостиг на терапија ’оземпик’ (оzeмpik) и ’рибелсус’ (rybelsus), дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор во моментов не мислиме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите. Нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договорот за набавка и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“,

се наведува во денешното соопштение од СЗДМ.
Според СЗДМ, моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терапија и помагала со отворен пазар и воведување референтни цени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ