strumica denes logo

ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ЧЕКААТ ГЛУКОМЕРИ И ЛЕНТИ: Дијабетичарите во Македонија спас бараат кај Народниот правобранител

Автор:

Датум:

септември 18, 2023

Автор:

Датум:

септември 18, 2023

И покрај ветувањата веќе девет месеци чекаат за глукомери и ленти за редовна контрола на шеќерот во крвта, а нема ниту сензори за деца. Се уште се снаоѓаат како нзаат и умеат.

Откако во петокот Сојузот на дијабетичари поднесе електронска преставка до Народниот правобранител, во понеделник тоа ќе го сторат и писмено. Дијабетичарите спасот го бараат кај обдусманот Насер Зибери, бидејќи иако одамна беше најавено дека во аптеките ќе ги има сите потребни медицински средства за болните од дијабетес, тие и понатаму се соочуваат со истиот проблем, објави ТВ24

Од последната средба со министерот за здравство, што се случи на денот кога протестиравме, оттогаш немаме никаква комуникација со ресорното министерство и затоа сме приморани преку правни механизми да ја бараме правдата, додава Велев, кој последната капка надеж ја гледа во народниот правобранител.

Инаку, со овој проблем се засегнати околу 44 илјади пациенти, кои ја имаат дијагнозата дијабетес и се на инсулинска терапија