Детскиот хит „Светот на Биби“ во недела во Струмица!

октомври 25, 2019

По големиот национален успех, хит-проектот „Светот на Биби“ доаѓа во Струмица во недела, 27 октомври во градскиот парк. Настапот на популарната сезнајка „Биби“ ќе биде дел од првиот Adient Family Day во организација на aгенцијата Евентум. Најавена е богата четиричасовна бесплатна програма од отворен карактер за сите возрасти. Семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“ ќе започне од 11:30 часот. За најмалите ќе биде поставено креативно уметничко катче, збогатено со многу детски игри, боенки, суперхерои, маскоти. Низ настанот публиката ќе ја води мултиталентираното дуо-водители и актери Атанас и Тино. За најактивните деца и родители ќе бидат доделени бројни награди и изненадувања. На сцена ќе ги видиме настапите на локалното танцово студио One Way, а свој концерт ќе одржи и поп-пејачката Александра Јанева.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ