Децата градат мостови на пријателство помеѓу народите: Лина и Драган Костадинови од Македонија и Ајдин Османовиќ од Босна со заеднички концерт во Штип!

јули 20, 2023

Децата градат мостови на пријателство помеѓу народите, а со тоа се и еден голем и позитивен пример за возрасните 🇲🇰🇧🇦

10 годишната Лина Костадинова и нејзиниот постар брат 14 годишниот Драган Костадинов од Штип кои Македонската публика милува да ѓи нарекува “златните деца на Македонија” и 11 годишниот Ајдин Османович од Босна кој jа негува македонската песна и музика и ужива во исполнувањето на старите изворни Македонски песни, а кој во Босна го споредуваат со нашиот Тоше Проески и го нарекуваат “бисерното грло” на 26 Јули во домот на културата во Штип во 20 часот, во придружба на нивните професори- ментори ќе направат концерт на дел од најубавите Македонски народни и традиционални песни, а исто така и неколку Босански севдалинки.

Ќе биде тоа спој на традиционалното, младоста и на ширењето љубов помеѓу народите.

Идејата, но и како поттикнувач на овој концерт потекнува од таткото на Лина и Драган – Лазар Костадинов кој исто така се занимава со музика, свири на хармоника и пее, а по анализирање на видеата на кои свират и пејат Лина и Драган од страна на професорот Јасмин Брашњич кој воедно е и ментор на Ајдин Османович била срдечно прифатена. На тој начин е почната и соработката за реализација на овој убав меѓународен проект.

Сите љубители на убавата песна и убавата музика се поканети да присуствуваат на настанот и ќе бидат добредојдени, а со нивното присуство би го збогатиле настанот, би им биле голема поддршка на овие три детски грла кои ќе пејат со многу љубов и емоции и ќе им ја рефлектираати пренесат на присутната публика во домот на културата во Штип.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ