ДЕТЕКТИРАН Е ПОГОЛЕМ СУБЈЕКТ ВО ВОДИТЕ НА БРАНАТА ДРВОШ ЗА КОЈ СЕ ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА Е ТЕЛО – ДЕНЕСКА ИСТИОТ ЌЕ СЕ ЛОЦИРА!

јули 22, 2023

Објавено на социјалната мрежа фејсбук во групата Дабиле:

Вчера на двата апарати “Сонер” , (пребарувачи под вода), детектиран е поголем субјект во водите на браната Дрвош, за кој СЕ ПРЕТПОСТАВУВА дека е тело.

Напоменувам ова се информации врз основа на двата горенаведени апарати, никој не смее да измислува, меѓутоа потрагата престана во 21.00 часот, по советот на командирот на струмичката полиција, кој цело време се грижеше и за нашата безбедност, затоа и истиот прати двајца полицајци на лице место, кои цело време беа со нас од почетокот до крајот на потрагата.

За да не правиме работи на своја глава, го пишувам следниот ПЛАН :

1. Збирно место 16.00 часот во с. Дабиље поточно пред “Ентериер”
2. Ќе се лоцира неидентификуваниот субјект/објект повторно во водите од двата СОНЕРИ, од страна на двете лица Stole Bela и Васко Н. Од Струмица, кои знаат да ги прочитат извештаите од апаратите во моментот на скенирање.
3. По лоцирање на објектот, доколку истиот се наоѓа во близина на брегот со метални куки врзени за јаже, предлагам да се исчисти околу објектот со цел истиот да излезе на површина без да биде оштетен.

Потребни работи со кои граѓаните можат да придонесат кон потрагата:

1. Сонер
2.Чамци
3.Јаже
4.Метални куки
5. Вода

Задолжителна лична опрема за тие кои ќе присуствуват:

1. Облека за заштита од сонце
2. Вода

(Нема да биде лошо да си земете и лимон во џеб за да не случајно на некој му се слоши).

Сите кои доколку со ваше присуство не можете да помогнете, Ве замолувам доколку поседувате некои од горенаведените работи во 16.00 часот да ги донесете пред “Ентериер” .

Напоменувам ЗАБРАНЕТО Е СЕКАКВО ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВОДИТЕ НА БРАНАТА.⚠️

Ова е совет од нуркачки тим од Скопје, како и од Охрид, кои вчера ме исконтактираа, и рекоа дека тие направиле проценка на ризик и едногласно одлучиле дека водата во браната ВООПШТО НЕ Е БЕЗБЕДНА нити за нив , а камоли за нас обичните пливачи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ