strumica denes logo

ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВОТО ВО РЕГИОНОТ: Македонија и Бугарија имаат најевтини цени според српските медиуми

Автор:

Датум:

април 15, 2024

Автор:

Датум:

април 15, 2024

Сезоната на пролетните одмори е пред нас и многумина ќе ги искористат слободните денови за да патуваат до некое од блиските излетнички места. Има и такви кои веќе се пресметуваат за предвремен одмор. Сите имаат заедничка грижа, каде да точат гориво по најниска можна цена. Македонија, Бугарија и Босна и Херцеговина можат да бидат добра опција за полнење полн резервоар бидејќи тие традиционално имаат најниски цени на деривати, пишува српски Блиц.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Искусните возачи знаат дека не е важно каде го наполните горивото, бидејќи внимателниот избор може да направи сериозни заштеди.

Цената на дизелот

Србија 103 денари или 206 динари

Црна Гора (1,48 евра)

Босна и Херцеговина (1,40 евра)

Македонија (1.235 евра)

Грција (1,73 евра)

Бугарија (1.378 евра)

Хрватска (1,63 евра)

Унгарија (1,68 евра)

Албанија (1,87 евра)

Романија (1,49 евра)

Цената на бензинот БМБ 95

Србија 193 динари

Црна Гора (1,6 евра) 187 динари

Босна и Херцеговина 173 динари

Северна Македонија (1,38 евра) 161 динар

Грција (1,96 евра) 229 динари

Бугарија (1,34 евра) 157 динари

Хрватска (1.582 евра) 185 динари

Унгарија (1,65 евра) 193 динари

Албанија (1,83 евра) 215 динари

Романија (1,44 евра) 169 динари

Продолжуваат тензиите во „нафтените земји“

„Новата недела, новиот месец и новиот квартал се дочекани со ескалација на тензиите на Блискиот Исток со индиректно иранско учество“, рече Тамас Варга, аналитичар во нафтениот брокер PVM, во извештајот од почетокот на април.

Иран, кој е член на групата ОПЕК, го обвини Израел за нападот врз нивниот конзулат во Дамаск, каде наводно загинале 7 нивни офицери. Ваквите геополитички тензии несомнено ќе се почувствуваат на ценовната скала на дериватите. Варга предупредува дека споменатиот конфликт може да прерасне во „конфликт на целиот регион со можно влијание врз снабдувањето со нафта“. Од друга страна, украинскиот конфликт ги загрозува рафинериите во овој дел од светот.