ДЕСЕРТ ОД 5 СОСТОЈКИ: Сочна чоколадна торта, готова за половина час

јануари 18, 2023

Крцкава однадвор, а мека и сочна одвнатре, оваа чоколадна торта која се топи во уста ќе ви биде омилен десерт летово.

Ги обожаваме рецептите кои се подготвуваат брзо и лесно, а резултатот е и повеќе од задоволувачки.

Ова е најбрзата чоколадна торта, која малку наликува на топло-ладно колач.

По желба можете да ја декорирате и со сладолед.

Потребни состојки:

  • 145g солен путер, стопен
  • 360g шеќер
  • 120g брашно
  • 60g какао
  • 3 големи јајца, малку изматени
  • шеќер во прав (по желба за наросување на крај)

Начин на подготовка:

  • Во сад, додавајте ги состојките редоследно и мешајте додека смесата не се соедини.
  • Истурете ја смесата во калап со средна големина, а претходно намрсете ја површината во која ќе печете.
  • Печете на 160°С со вклучен вентилатор, околу 30-35 минути или додека кората не стане крцкава, а внатрешноста да е уште мека.
  • По желба, наросете ја тортата со шеќер во прав.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ