Брзо и лесно чоколадно задоволство со ефект на разладување – на сите ни е потребен по еден ваков рецепт.
За деновите кога ве напаѓа криза за благо, а сакате сами да влезете во кујна и да подготвите нешто, имаме предлог рецепт што вреди да се проба.
Лесно се прави и нема потреба од печење, има чоколаден вкус, а истовремено освежува.
Потребни состојки:
- 300g чоколадни бисквити
- 30g какао
- 160ml топо млеко
- 300g крем сирење
- 60g шеќер во прав
- 4g ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Изблендирајте ги бисквитите, па префрлете ги во сад.
- Додадете ги какаото во прав и топлото млеко, па измешајте добро.
- Соединете го тестото со раце, па во облик на топка спакувајте го во целофан и оставете го да се олади во фрижидер 1 час.
- Измиксирајте ги крем сирењето со шеќерот во прав и ванилата додека да добиете мека смеса.
- Расукајте го ладното чоколадно тесто и намачкајте од белиот фил, а потоа замотајте го.
- Оставете го во фрижидер 2 часа, а потоа исечете го на парчиња и послужете го ладно.