Денови на Џек Хиршман во Струмица и Гевгелија!

октомври 29, 2021

Вечерва, со почеток во 20:00 часот во кафе бар „наГоре“ ќе можете да се запознаете со животот и делото на Џек Хиршман, американски поет и активист преку поетското читање, видео проекцијата и разговори за неговото творештво.

Настанот е организиран од Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“. За музичкото интермецо и поддршката на поетските рецитали ќе биде задолжен Панче Илиев – Пи.

Утредента, 30 октомври (сабота)во кафе бар „У“ во Гевгелија, во соработка со Библиотеката „Гоце Делчев“ со почеток во 20:00 часот ќе биде реазлизиран истоимениот настан „Денови на Џек Хиршман“, со програма која вклучува: видео проекција со дел од неговите најважни претставувања, поетско читање, дискусија и презентација на неговото дело, и диџеј сет на Аџамија.

Џек Хиршман е роден во Њујорк, а израснал во Бронкс. Како млад уредник на Асошиејтед прес во Њујорк, неговиот прв допир со славата и неговото јавно препознавање доаѓа преку писмото што му го напишал Ернест Хемингвеј, објавено по смртта на Хемингвеј како „Писмо до младиот писател“. Хиршман дипломирал на Сити колеџот во Њујорк и на Универзитетот во Индијана, кадешто студирал компаративна литература. Тој е популарен и иновативен професор на UCLA во периодот на 1970-тите, пред да биде отпуштен поради неговите антивоени активности. Оттогаш Хиршман живеел во Калифорнија, создавајќи го својот уметнички и политички дом во областа Норт Бич во Сан Франциско.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: