ДЕНЕСКА ВО СТРУМИЦА: Господ постои, името ѝ е Петрунија – СОФ 2019

јули 23, 2019

Првиот македонски филм кој беше во конкуренција за Златна мечка на Берлинскиот фестивал, премиерно ќе биде прикажан во Струмица на 23 јули на отворената сцена во градскиот парк.

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е во режија на Теона Стругар Митевска, а е инспириран од настанот што се случи на Водици во 2014 година, кога Борислава Васкова го фати крстот фрлен во реката Брегалница во штипско Ново Село, за потоа да ѝ биде одземен. Во главната улога е Зорица Нушева.

Филмот се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.

Глумци: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска, Владимир Тулиев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ