ДЕНЕСКА СТРУМИЦА ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ: РАЗБУДЕТЕ СЕ, НИ ДОАЃААТ ПО ДЕЦАТА!

септември 14, 2023

Објава на Родителски Фронт:

РАЗБУДЕТЕ СЕ!!! НИ ДОАЃААТ ПО ДЕЦАТА!

Овие и слични прашања се извадоци од Работни листови по предметот Образование за животни вештини што се предава во сите средните училишта како изборен предмет. Погледнете ги сликите за да видите што учат нашите средношколци и како ги мотивираат на “критичко размислување” и со преиспитување ги “подготвуваат” за одлуките во животот.

• Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?

• Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

• Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?

• Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи?

Некој ќе рече дека ова е психолошка индоктринација на малолетни лица, ама ризикува да му се пуштат од активистите од Хелсиншки комитет или нивните поранешни колеги сега во Комисијата за заштита од дискриминација.

Дали ова е дел од Сеопфатно Сексуално Образование (ССО) и базирано на родовите идеологии што министерката Јована Тренчевска од петни жили се бори да ги има задолжително во секој сегмент на формалното образование?

Дали можеби ова е логичен след на нештата, оставени во наследство од поранешната министерка Мила Царовска согласно нејзината концепција за основно образование (види слики)

Или пак е ефективен резултат од повеќе децениските активности на пропагандистите на Хера и ним сличните организации чии родови политики веќе се инфилтрирани во повеќе државни институции и политички партии?

РАЗБУДЕТЕ СЕ!
Се гледаме денес на протест во 18 часот на плоштадот Гоце Делчев во Струмица!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ