strumica denes logo

ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРОЕКТОТ – ИЗГРАДБА НА НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА!

Автор:

Датум:

октомври 8, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 8, 2019

Категории:

Струмица

Во рамките на „Проектот за условени парични надоместоци (УПН Проект)” кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предучилишна возраст, Општина Струмица аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.
Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предучилишна инфраструктура, Министерството за труд и социјална политика и Општината Струмица организираат јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни за активностите за изградба на нова градинка и за документот „Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 08.10.2019 (вторник) со почеток во 12.00 часот во просториите на Домот на АРМ во Струмица со следниот Дневен ред:

1.Презентирање на „Проектот за подобрување на социјални услуги“

2.Презентација на „Основен проект за надградба на детска градинка“

3.Презентација на „Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”

4.Прашања и одговори

5.Разно

Документот „Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/) и на Општина Струмица (https://strumica.gov.mk/index.php/mk/) .

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страната.