Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но, кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност. Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, а кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под рувото на бракот. Кога му починаа родителите, жена му отиде во еден манастир, а тој во друг. Неговиот манастир беше во Сигријанските Гори, во Кизичката област. Некогаш славниот и богат Теофан во манастирот живееше како последен сиромав. И сите ѝ се восхитуваа на таа чудесна промена кај него. Бидејќи стана прочуен по неговата силна вера, воздржливоста и мудроста, го повикаа на Седмиот Вселенски Собор, во Никеја, на којшто се утврди иконопочитувањето. Заради големата чистота и целомудрие Бог му даде дар на чудотворење, та ги лекуваше сите болести, особено манијата и лудилото. Му се молеше на Бога за сите болни и неволни и им помагаше со својата молитва. А кога самиот се разболе, не сакаше да Му се моли на Бога за оздравување, туку долго и со благодарност ја трпеше својата болест. Кога повторно настана гонење на иконите од злиот цар Лав Ерменин, свети Теофан беше доведен во Цариград и фрлен во затвор, каде што две години помина во тегобност и маки и понижувања. Тогаш царот го испрати во ропство на островот Самотраки, а ова тој го прозре со својот дух и им го кажа на затворските чувари. Кога стигна во Самотраки, поживеа само дваесет и три дена, па се престави кај својот Господ и Создател од Кого го прими стекнатиот венец на невенливата слава.
Денес се слави Преподобен Теофан Исповедник
Здрава Котлина: ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ Почитувани сограѓани, Ве известуваме дека ќе организираме протест во Струмица на 1ви февруари (сабота)…
Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД и ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател…
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во Вашингтон имал вечера и одлична средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за…
Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот…
Православните христијани во Македонија денеска го слават празникот Богојавление – Водици. Во храмовите на Македонската Православна Црква се одржуваат литургии,…