Денес се празнуват Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

септември 4, 2023

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните. При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин. Во близината на Халкидон го убија Северијан, а Агатоник и останатите беа одведени во Тракија, во местото Силиврија, каде после мачења беа убиени со меч и влегоа во радоста на својот Господ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ